Top Sport

Ферстапен најбрз на вториот слободен тренинг во Австрија

Холанѓанецот Макс Ферстапен од Ред Бул го извозе најбрзиот круг на вториот слободен тренинг кој денеска се возеше на „Ред Бул ринг“ во Австрија. Зад себе го остави Финецот Валтери Ботас од Мерцедес.

Ферстапен постави време од 1 минута, 3 секунди и 660 илјадитинки, а Ботас беше побавен за 43 илјадитинки.

Трето најдобро време имаше Мексиканецот Серџо Перез од Рејсинг Поинт. Тој задоцни 217 илјадитинки зад најдоброто време.

Актуелниот светски шампион, Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес) денеска имаше шесто време, а Германецот Себастијан Фетел беше дури 16-ти.

Без пласман остана Австралиецот Даниел Рикиардо, кој излета од патеката уште на почетокот на тренингот.

Минатата недела Ф1 стартуваше со трката за ГН на Австрија. Таму триумфираше Валтери Ботас, а на истата патека, ќе се вози и втората трка од шампионатот, закажана за в недела.

Scroll to Top