Top Sport

Рокетси без Харден и Вестбрук отпатуваа во Орландо

Кошаркарите на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден и Расел Вестбрук не отпатуваа со екипата на Флорида каде на крајот на месецов ќе продолжи НВА лигата, пренесува „ЕСПН“

Информациите се дека ѕвездите на „ракетите“, како и мала група играчи и луѓе вработени во клубот не биле на вчерашниот тимски лет за Орландо.

„ЕСПН“ пренесува дека тие подоцна ќе и се приклучат на екипата во Дизниленд, со приватен лет. Иако се уште не добил официјална потврда дека може да ја тренира екипата во продолжението на сезоната, кормиларот Мајк Д`Ентони (69) бил во авионот.

„Брадата“ пред сезоната да биде прекината имаше просечен учинок од 34.4 поени, 6.4 асистенции и 7.4 скока по меч, додека просекот на Вестбрук е 27.5 поени, 6.3 скока и 8 асистенции.

Scroll to Top