Оскар Пјастри победи во трката за Големата награда на Шпанија, пред тимскиот колега Ландо Норис и возачот на Ферари, Шарл Леклер. Трката ја обележа инцидентот што го предизвика актуелниот шампион, Макс Ферспан против Џорџ Расел (Мерцедес), поради што Холанѓанецот доби казна од 10 секунди.
Трката на патеката Каталуња, донсе борба на стратегии, Ферстапен се обиде да ги следи конкурентите од Мекларен, но на 12 круга до крајот беше јасно дека ќе заврши на третото место. Во тие моменти откажа Мерцедесот на тинејџерот, Андреа Кими Антонели.
Речиси сите возачи се решија да го посетат механичарите, сите ставија најмеки пневматици, со исклучок на Ферстапен. Холанѓанецот на располагање имаше са пневматици со најтврдата компонента.
Кога возилото за безбедност се тргна од патеката, Ферстапен заполна да губи позиции, а потоа непотребно предизвика контакт со Расел. Холанѓанецот доби казна од 10 секунди и на крајот заврши на 10. место.
Зад Пјастри, Норис, Леклер и расел, заврпи возаот на Кик Заубер, Нико Хулкенберг, кој на три круга до крајот го престигна седумкратниот шампион Луис Хамилтон.
Во бодови на Каталуња завршија уште Исак Хаџар (Рејсинг Булс), Пјер Гасли (Алпин) и Фернандо Алонсо (Астон Мартин).
Наредната трка во пампионатот ќе се вози во Канада.