Top Sport

Ферстапен не го крие задоволството што пак е лидер на табелата во Ф1

Возачот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Ферстапен се врати на лидерската позиција во Ф1 шампионатот откако денеска оствари второ време на трката за Големата награда на Турција во Истанбул.

На 6 трки пред крајот на шампионатот холандскиот пилот има исто толку бодови предност во генералниот пласман пред актуелниот шампион, Луис Хамилтон. Возачот на Мерцедес денеска заврши како петтопласиран откако стартуваше од 11. позиција.

Валтери Ботас триумфираше во Турција.

„Валтери беше побрз, но генерално сум многу среќен. На крајот на се, за пласманот одлучуваше изборот на гуми. Признавам, среќен сум што сум на подиумот, секако и поради тоа што повторно сум водечки во Ф1 шампионатот. Цела година жестоко се бориме, едноставно не смееме да забавиме“ рече Ферстапен.

Шампионатот продолжува на 24. октомври со трката во Остин, САД.

Scroll to Top