Top Sport

„Халанд е еден од најдобрите, но како да го доведеме кога куќата ни е разрушена“

Летоска ќе се активира откупната клаузула за Ерлинг Халанд во Борусија Дортмунд од 75 милиони евра. Нема сомнеж дека големите европски фудбалски клубови ќе тргнат по него, но Барселона нема да е еден од нив.

Потпретседателот на Каталонскиот клуб – Рафа Јусте во интервју за „Мундо Депортиво“ вели дека се заинтересирани за Халанд, но екс-претседателот Бартомеу го оставил клубот во катастрофална состојба, па сега мора да ја „санираат штетата“, а дури потоа да планираат нови засилувања.

„За жал, не гледам дека сега може да го доведеме Халанд. Од сега, па се до крајот на идната година ќе се обидеме да ги `закрпиме сите дупки` дома, а дури потоа ќе видиме што може да се направи. Не смее да се заборави дека Барса секогаш го сака најдоброто, а Халанд е сега еден од најдобрите во светот“ смета Јусте.

Тој управувањето на Бартомеу го опиша како катастрофално и потсети дека екс-претседателот купувал играчи не знаејќи дали клубот сето тоа финансиски може да го издржи.

Јусте признава дека соработката со Куман не била секогаш лесна, но вели дека има почит и верба во тренерот.

„Роналд е сјајна личност, многу јасен и многу пријателски расположен, иако понекогаш не ни се допаѓа тоа што го зборува“ потенцира вториот човек во Барселона.

Scroll to Top