Top Sport

Ферстапен нема да бара одмазда против Хамилтон во Силверстоун

Макс Ферстапен вели дека инцидентот од минатогодишното Британско ГП во Силверстоун е во минатото пред викендот, додавајќи дека нема да бара одмазда против Луис Хамилтон, бидејќи мора да се надминт такви работи.

Во тесната битка за титулта во 2021, Британското ГП беше едно од најконтроверзните, откако Хамилтон го удри Ферстапен во првиот круг, испраќајќи го надвор од патеката при голема брзина. Хамилтон доби казна за потегот, но потоа лесно стигна до победата, во ист момент кога холандскиот возач на Ред бул беше во болница. Овој инцидент беше меѓу главните теми на несогласување меѓу двајцата ривали, но Ферстапен вели дека не се лути.

„Секако, тој судир не беше добар, но ја сакам оваа патека. Сакам да возам во Силверстоун, има фантастична атмосфера и вообичаено сме брзи таму. Затоа, немам лоши сеќавања. Лесно можам да ги ставам тие работи на страна. На крајот, учиш да се справиш и со такви работи. Сега одиме на победа“, вели Ферстапен.

Scroll to Top