Top Sport

Хамилтон за Пике: Не давајте платформа на старата генерација во Ф1

Седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон вели дека старите Ф1 возачи како Нелсон Пике се „нерелевантни“ за тоа што спортот сака да го направи во иднина и дека треба да престане да им се дава платформа да ги искажуваат своите дискриминаторски мислења.

Трикратниот шампион Пике доби забрана за влез во Ф1 боксовите, откако во интервју од минатата година го нарече Хамилтон „црнче“. Иако 69-годишниот Пике подоцна се извини, тврдејќи дека изразот немал врска со расизам, Хамилтон вели дека Ф1 треба да се дистанцира од старата генерација.

„Добивам расизам, критики, негативности и архаични наративи долго време во мојата кариера. Затоа, тоа не претставува ништо ново за мене. Но, треба да се гледа на големо. Не сум сигурен зошто продолжуваме да даваме платформа на овие стари гласови. Тие зборувааат за нашиот спорт, а ние сакаме да одиме во сосема поинаков правец и тоа не е вистинска слика за нашиот спорт и нашата иднина. Ако сакаме да растеме во САД и други земји, како Јужна Африка, мораме да се насочиме кон младите луѓе кои повеќе го претставуваат денешното време и тоа што сме. Не се работи за еден човек, или за еден термин, туку за поголем план. Тие стари гласови, дали свесно или несвесно, не се согласуваат луѓе како мене да бидат во спортот, не се согласуваат дека жените треба да бидат таму. Мислам дека последните недели не помина ниту еден ден кога некој кој не бил во нашиот спорт со децении кажува негативни работи или се обидува да ме спушти. Но, јас уште сум тука, уште сум силен“, вели Хамилтон, единствениот црн возач во историјата на Ф1.

Пике му се извини на Хамилтон, доби забрана за посета на Ф1 боксовите

Scroll to Top