Top Sport

Ферстапен откако го пцуеше својот тим: Имам право да го критикувам Ред бул

Светскиот шампион Макс Ферстапен инсистира дека им право да го критикува сопствениот тим Ред бул, откако вчера беше приморан да се откаже од обидот да стигне до пол-позиција на Сингапур ГП трката во својот претпоследен круг.

25-годишниот Холанѓанец се обидуваше да го подобри времето на Шарл Леклер, пред неговиот тим да интервенира и да му нареди да влезе во боксот поради ниско ниво на гориво во болидот, за денеска да биде само осми на стартот на трката, во која ја има првата шанса да ја освои својата втора титула. Тој ги послуша наредбите од тимот, но откако тркачкиот инженер Џанпјеро Ламбијасе му порача да влезе во боксот, не ја криеше фрустрацијата, пцуејќи во радио-комуникацијата.

„Да, знаев дека има проблеми и во претходниот круг, но кога ми кажаа да се повлечам, сфатив дека може да останам без гориво. Секако, тоа беше фрустрирачки. Воопшто не сум среќен. Знам дека се работи за тимски спорт и дека се прават грешки, но тие не се прифатливи. Имам право да ги критикувам кога работите не одат како што треба, како што тие имаат право да ме критикуваат мене кога грешам“, вели Ферстапен.

Холанѓанецот не верува дека може да се врати за победа.

„Ова е патека како Монако, супер-тешка за претекнување. Можеби ќе направиме нешто со стратегијата, но тешко дека ќе се оствари“, додава Ферсатпен.

Scroll to Top