Top Sport

Гвардиола: Има живот во Манчестер сити и без Пеп

Пеп Гвардиола вели дека Манчестер сити ќе бидат големи и силни и кога тој веќе нема да биде на клупата на актуелните шампиони од Премиерлигата по период на фантастични успеси.

Договорот на Каталонецот со „граѓаните“ истекува на крајот на сезонат и тој одбива да одговори дали ќе го продолжи договорот за да остане на „Етихад“. Сити денеска го пречекува Јунајтед во градското дерби, и многумина посочуваат токму на примерот на „ѓаволите“, кои не успеаја да ги заддржат успесите по пензионирањето на Сер Алекс Фергусон во 2013 година.

„Клубот знае точно што е потребно да се направи, кој е следниот чекор. Нема да има никакви проблеми, 100 отсто сум сигурен. Знаат што треба да напрват утре, по Светското првенство, следната сезона. Кога еден клуб зависи само од еден човек, тогаш не се работи за стабилен тим. Ако овој тим зависи само од Пеп, тогаш не сме завршиле добра работа“, вели Гвардиола.

За Гвардиола ова е седма сезона на клупата на Сити, период во кој градските ривали Јунајтед имаа пет менаџери.

Scroll to Top