Top Sport

Ферстапен: Ова не смееше да му се случи на Ред бул

Ред бул доживеаја дебакл на првта трка во новата сезона. Поради механички проблеми, двата болиди на Ред бул не ја завршија трката за Големата награда на Бахреин.

Актуелниот светски првак, Макс Ферстапен, се откажа од трката на три круга до крајот, во моментот кога беше втор, а во претпоследниот круг трката ја заврши и Серхио Перез.

„Секогаш можете да кажете дека вакви работи се случуваат. Меѓутоа на врвно ниво, со сите податоци што ги имаме, ова на Ред бул не смееше да му се случи“, рекол Ферстапен.

„Знаеме дека ова е само една трка во сезоната. Знаме дека не е трагедија и дека се уште ништо не е готово, но да бидам искрен, повеќе ќе бев задоволен доколку имав 18 поени во џебот“.

Наредната трка на програмата е на 25.март во Џеда, Саудиска Арабија.

Scroll to Top