Ѕвездата на Ред бул рејсинг, Макс Ферстапен стигна до славна победа на своето домашно Холандско ГП на патеката Цандфорт, оставајќи го двоецот на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас зад себе, откако неговиот тим успеа да ја добие тактичката битка со Мерцедес.
Емотивната победа на првото Холандско ГП од 1985 година, исто така значи дека Ферстапен го враќа водството во генерален пласман пред третата трка во низа, славното Италијанско ГП во Монца.
Ферстапен стартуваше од пол-позицијата пред илјадниците портокалови навивачи на трибините и го сочува првото место во текот на целата трка, одговарајќи на влегувањата во боксот пред него на Хамилтон и Ботас, откако обидот на Мерцедес во второто влегување во боксот да одат со „средни“ наместо со тврди гуми, на крајот не донесе резултат.
Фантастичниот Пјер Гасли во Алфа Таури успеа да го заддржи своето четврто место кое го имаше и на стартот, оставајќи ги зад себе двајцата возачи на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинс Јуниор, како Фернандо Алонсо во Алпине. Серхио Перез од последното место на стартот стигна до осмото место со вториот Ред бул, пред Естебан Окон (Алпине) и Лендо Норис (Мекларен).
? TOP 10 FINISHERS ?
1 VER
2 HAM
3 BOT
4 GAS
5 LEC
6 ALO
7 SAI
8 PER
9 OCO
10 NOR #DutchGP ?? #F1 pic.twitter.com/ECRX2ZHtMm— Formula 1 (@F1) September 5, 2021
The party has started in The Netherlands ???#DutchGP ?? #F1 @Max33Verstappen pic.twitter.com/Wo2adTNw65
— Formula 1 (@F1) September 5, 2021