Пилотот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Ферстапен на синоќешните квалификации за трката за Големата награда на Мексико заврши на третата позиција. Тој мораше да ја намали брзината поради тоа што Серхио Перез и Јуки Цунода излетаа од патеката непосредно пред него.
„Се чини дека во текот на квалификациите ја загубивме оптималната рамнотежа на болидот. Но, во последниот круг сè течеше добро, а тогаш не знам точно што се случи пред мене. Очекував да се појават жолти знамиња поради оваа случка, па малку забавив. Ако тоа не беше, тогаш ниту проблемите со балансот не би спречиле да се освои пол-позицијата. Не е најдобар резултат, но подобро е да се стартува од трето отколку второ место“ рече Ферстапен.
Пол-позицијата му припадна на Валтери Ботас од Мерцедес, втор резултат на квалификациите имаше тимскиот колега на Ботас – Луис Хамилтон.
Трката од Ф1 шампионатот за ГН на Мексико ќе започне вечерва од 20 часот.