Top Sport

Ферстапен покажа најголема брзина на стартот во Монтреал

Светскиот шампион, Макс Ферстапен постави најдобро време на првиот тренинг пред Канадското ГП во Монтреал, во сесија во која најпријатно изненадување беше најискусниот возач во Ф1, Фернандо Алонсо со своето трето место со тимот на Алпине.

Болидите на Ред бул изгледаа најбрзо на почетокот на сесијата, обезбедувајќи ги првите две места по половина час, но потоа на сцена стапија Ферари, кои го преземаа првото место со Карлос Саинс, пред Ферстапен да го постави најбрзиот круг во последните минути од сесијата.

Саинс на крајот заврши на второто место, пред сонародникот Алонсо, по што следуваа Серхио Перез во вториот Ред бул и Шарл Леклер во второто Ферари. Скудерија пред сесијата потврди дека Леклер ќе стартува со нов мотор во првата трка во Монтреал од 2019 година по што му следува казна од најмалку 10 места.

Scroll to Top