Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, размислува да ја заврши кариерата на крајот од 2026 година.
Макс Ферстапен е најмладиот дебитант во историјата на Формула 1 и четирикратен шампион на ова натпреварување.
Неговиот тим, Ред Бул, се мачи многу оваа сезона (како и сите други кои не се Мерцедес). Траката во Јапонија ја заврши на осмата позиција.
По трката беше фрустриран, а од Би-Би-Си го прашаа дали приказните за неговото пензионирање се вистинити:
„Точно така, размислувам за тоа како и за сè друго секој ден. Не е убаво кога мора да се тркаш вака. Тоа е анти- возење. Не станува збор дури ни за позиција, немам проблем ако завршам седми или осми или каде било во поредокот“, рече Ферстапен.
Сржта на проблемот е што новите правила на Формула 1 бараат да се направат одредени работи за да се наполни батеријата во секој круг, што предизвикува многу возачи да изгубат брзина.
Токму за време на трката во Јапонија видовме разлика од речиси 100 км/ч помеѓу Колапинто и Берман, што резултираше со ужасен инцидент.
„Ако престигнете некого во една кривина, нема да имате доволно батерија за следната“, објасни Ферстапен.
Foto/ Depositphotos
