Top Sport

Ферстапен си го зеде пехарот и ја напушти церемонијата

Луис Хамилтон го победи Макс Ферстапен, на трката за Големата награда на Саудиска Арабија. Трката во Џеда, ја обележаа бројни инциденти и казни. Со оваа победа Хамилтон се израмни со Ферстапен на лидерската позиција во генералниот пласман.

Ферстапен тешко го прифати поразот во трката. Ја напушти церемонијата на доделувањето на наградите. Го доби пехарот за второто место и го напушти подиумот, не им честиташе на ривалите од Мерцедес, Хамилтон и Валтери Ботас кој трката ја заврши на третото место.

Scroll to Top