Top Sport

Ферстапен си направи проблеми со „идиотскиот“ коментар

Макс Ферстапен може да биде казнет од Светската автомобилистичка федерација (ФИА) откако изјави дека одлуката да го казнат за претекнувањето на Кими Раиконен во финишот на трката во Тексас е „идиотска“.

Казната од пет секунди значеше дека возачот на Ред бул го загуби третото место, но потоа во жарот на моментот не бираше зборови да ги навреди стјуардите на трката, дури посакувајќи фановите да не дојдат следната година.

Се верува дека Ферстапен е лут на австралискиот стјуард Гери Конели, а бидејќи тој беше наречен идиот, ФИА може да процени дека со коментарите, 20-годишниот возач го нарушил угледот на спортот. Шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер вели дека Ферстапен не треба да е казнет.

„Ако на Луис Хамилтон му е дозволено да го критикува претседателот на САД, тогаш еден фрустриран возач смее да го каже своето мислење“, вели Хорнер.

Од друга страна и Хамилтон се согласува со стјуардите дека е потребна казна за излегување од границата на патеката.

„Тој беше надвор од патеката. Тоа е проблемот со сегашните патеки, што има доволно место да излезеш од нив. Да имаше трева таму, немаше да отиде. Новата генерација возачи сака да ги искористува новите патеки. Јасно е дека не треба да биде таму“, оценува Хамилтон.

Ферстапен: Идиотите сакаат да ја уништат Ф1

Scroll to Top