Top Sport

Ферстапен со прва пол-позиција во Мексико

Макс Ферстапен има вкупно три победи на патеката „Херманос Родригез“, но никогаш не стартувал од пол-позицијата во Мексико. Сепак, тоа ќе се промени утре, кога светскиот шампион ќе го предводи стартниот ред за Големата награда на Мексико Сити.

За него ова се втори квалификации на кои победил во Мексико по оние во 2019 година, но тогаш казната за игнорирање на жолтото знаме му го одзеде правото да стартува од пол-позицијата. Овојпат, сепак, нема таква грижа за него.

Холанѓанецот го освои првото место со време од 1:17.775 минути, единствено од почетокот на викендот под 1:18 мин. по круг. Џорџ Расел заврши со задоцнување 0,304 зад Ферстапен, кој успеа да го победи својот тимски колега Луис Хамилтон, кој утре ќе стартува трет, а беше побавен за само 0,005.

Од четвртата позиција ќе стартува Серхио Перез. Петтото стартно место му припадна на Карлос Сајнц, а шестото на Валтери Ботас.

Scroll to Top