Top Sport

Ферстапен стартуваше деветти, па го помина Перез за триумф во Мајами

Двократниот светски шампион, Макс Ферстапен стигна до маестрална победа на Мајами ГП трката, иако стартуваше само како деветти на уличната патека, покажувајќи дека е подготвен да се бори за трета светска титула.

Болидот на Ред бул повторно беше во своја класа, доминантен пред целата конкуренција, и Ферстапен успеа од деветтото место на стартот до 16. круг да се искачи веднаш зад освојувачот на пол-позицијата, неговиот колега, Серхио Перез. По ова, тој долго време беше на првото место додека Перез влезе во боксот. Ферстапен остана на патеката до 46. круг, а потоа излезе зад Мексиканецот, но на посвежи (и помеки) гуми успеа да го помине во 47. круг, а потоа и рутински да ја запечати победата.

Фернандо Алонсо во Астон Мартин, повторно, беше на третото место, одбивајќи ги сите напади од ривалите од Мерцедес и Ферари. Џорџ Расел го освои четвртото место за Мерцедес, пред Карлос Саинс во Ферари, Луис Хамилтон во вториот Мерцедес и Шарл Леклер во второто Ферари. Во поени беа и двојката на Алпин, Пјер Гасли и Естебан Окон, како и Кевин Магнусене во Хас на 10. место.

Scroll to Top