Макс Ферстапен и Ред бул покажаа дека ќе бидат вистински ривали за победа на класичното Белгиско ГП во Спа, откако Холанѓанецот имаше најбрзо време на вториот петочен тренинг, одбележан со нова мизерија за Ферари.
Откако беше трет во првата сесија со само 0.081 секунди послабо време од Валтери Ботас во Мерцедес, на сува патека, Ферстапен го имаше најдобриот круг на денот од 1:43.744 за само 0.048 секунди пред изненадувачкото Рено на Даниел Рикардо, кој не ја заврши сесијата поради проблеми со хидрауликата.
Шампионот Луис Хамилтон, кој беше втор најбрз на првиот тренинг, беше трет со 0.096 секунди зад Ферстапен, додека Ферари на истата патека на која Шарл Леклер победи пред една година имаше катастрофални резултати. Во првата сесија од 17 возачи со поставено време, само двојката на Вилијамс (Латифи и Расел) беа поспори од Леклер и Фетел. Во втората сесија, Леклер беше 15., додека Фетел 17., а меѓу нив беше Расел.
FP2 CLASSIFICATION
Red Bull and Renault run riot!#BelgianGP ?? #F1 pic.twitter.com/uUnPrQkkgI
— Formula 1 (@F1) August 28, 2020