Top Sport

Ферстапен: Титула? Прво да се научиме да завршуваме трки

Светскиот шампион на Ред бул, Макс Ферстапен вели дека не сака да размислува за одбрана на титулата по второто откажување во првите три трки од сезоната во Мелбурн утрово.

Холанѓанецот беше сигурен на второто место зад Шарл Леклер во текот на трката, пред да се откаже на 20 круга пред крајот со проблеми со моторот. Ова го остава на далечни 46 поени зад асот на Ферари, Леклер во генерален пласман.

„Веќе заостануваме милји зад нив и не сакам ниту а размислувам за борбата за титулата во овој момент, мислам дека е поважно да се фокусираме на завршување на трките. Ова беше многу лош ден. Немавме вистинска брзина, така што внимавав на моите гуми и сакав да стигнам до целта. Знаев дека нема да има борба со Шарл, така што немаше поента да притискам. Но, да не се заврши трката е фрустрирачки и неприфатливо“, вели 24-годишниот Холанѓанец.

Леклер со рутинска победа во Мелбурн, предвремен крај за Ферстапен

Scroll to Top