Макс Ферстапен триумфираше на денешната трка за ГН на Италија која се возеше на патеката „Имола“, во Емилија-Ромања.
Во текот на целата трка холандскиот Ф1 пилот беше во водство, иако Луис Хамилтон стартуваше од пол-позицијата.
Уште на стартот возачот на Ред Бул ги мина Хамилтон и Серхио Перез, па водството успеа да го сочува до самиот крај.
Еден дел од трката се возеше под црвено знаме, по судирот на Расел и Ботас.
Во 31-от круг, Луис Хамилтон се удри во заштитниот ѕид, но сепак успеа да продолжи и да дојде до втората позиција
Трет на „Имола“ заврши Ландо Норис од Мекларен, а по него следуваат:
Леклерк, Сајнц, Рикардо, Строл, Гасли, Раиконен и Окон.
Следната трка во Формула 1 е планирана за 2 мај, во Португалија.