Top Sport

Ферстапен за отказот на Хорнер: Така решија менаџерите и акционерите

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, изјави дека шефовите имале право да го отпуштат досегашниот директор Кристијан Хорнер и додаде дека одлуката нема да влијае на неговата иднина.

„Менаџментот и акционерите одлучија дека сакаат промена и на крајот на денот, тие го водат тимот, јас сум само возач. Значи, што и да одлучат, тие имаат целосно право да прават што сакаат. И во основа тоа се случи“, рече Ферстапен на прес-конференција во Спа, објави „Скај спортс“.

Хорнер беше ненадејно отпуштен на почетокот на јули по 20 години во Ред Бул. Компанијата Ред Бул не прецизираше зошто Хорнер е отпуштен, а тоа се случи поради шпекулациите дека Ферстапен би можел да го напушти тимот.

„Во исто време, гледајќи наназад на тие 20 години во Ред Бул, мислам дека имавме многу, многу одлични години и многу, многу одлични резултати. Секако, има години кога работите не одат толку добро, и мислам дека последната година и пол не беше како што сакавме и менаџментот одлучи да оди во друга насока. И тогаш сите мора да се согласат со тоа и да гледаат напред“, додаде тој.

Хорнер беше заменет на функцијата од Лоран Макис, кој ќе го води тимот за прв пат на претстојната трка за Големата награда на Белгија овој викенд.

Многумина шпекулираат дека Ред Бул го отпушти Хорнер за да ги зголеми шансите да го задржи холандскиот возач по оваа сезона. Исто така, се претпоставува дека лошиот однос на Хорнер со таткото на возачот, Јос Верстапен, влијаел врз одлуката шефот на тимот да добие отказ.

Фото/ Принскрин

Scroll to Top