Top Sport

Ферстапен за свирежите: Тоа значи дека победувам, никој не те свирка кога си последен

Макс Ферстапен е Формула 1 возач кој предизвикува опречни реакции кај фановите – дел од нив се воодушевени од неговите квалитети на патеката, но дел го сметаат како „разгалено детиште“ кое се најде во ситуација да биде шампион.

Тие вторите беа погласни во Мајами, каде што тој стигна до доминантна победа, свиркајќи го, но тој не беше загрижен од тоа.

„Мислам дека ако возам назад никој нема да има ваква реакција. Нели? Нормално е кога победуваш, бидејќи луѓето не сакаат некој кој победува. Затоа, за мене тоа е во ред додека стојам на првото скалило на подиумот, тоа ми е најважно. Ќе го однесам трофејот дома, а тие ќе си одат во своите домови и ќе имаат добра вечер“, вели Ферстапен.

Scroll to Top