Top Sport

Родриго ја славел титулата од Копа дел реј, крадци го ограбиле неговиот дом

Родриго Гоеш постигна два гола за Реал Мадрид во саботното финале од Копа дел реј против Осасуна за 2:1 триумф, а во исто време радци влегле во неговиот дом во елитното предградие на Мадрид, Ла Моралеха, јавува „ЕСПН“.

Во неговиот дом немало никој присутен, бидејќи неговите родители биле на трибините во Севилја, следејќи го мечот. Полицијата извршила увид во куќата, но уште не е утврдено што точно било земано од неговиот дом.

Случајот на 22-годишниот Родриго не е редок во шпанскиот фудбал. Домот на Карим Бензема беше обиен во јануари 2022, но и во февруари 2019, додека Касемиро, кој сега игра за Манчестер јунајтед, Иско и Лукас Васкез исто така имале несреќни искуства со крадци во Марид. Во август 2022, поранешниот напаѓач на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг беше нападнат во неговиот дом од банда, добивајќи повреда на вилицата.

Scroll to Top