Top Sport

Ферстепен пред Пјастри и Саинц во квалификациите за спринт трката

Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на спринт траката во Спа Франкошамп. Лидерот во шампионатот и актуелен светски првак за 11 илјадити делови од секундата имаше побрзо време од Оскар Пајстри од Мекларен.

По променливи временски услови, Ферстапен во последниот круг успеа да ја освои пол-позцијата.

Зад ферстапен и Пјастри од вториот ред, спринт трката ќе ја започнат пилотите на Ферари Карлос Саинц и Шарл Леклер.

Следуваат Ландо Норис (Мекларен), Пјер Гасли (Алпин), Луис Хамилтон (Мерцедес), Серхо Перез (Ред Бул), Естебан Окон (Алпин) и Џорџ Расел (Мерцедес).

Спринт траката во пресрет на Големата награда на Белгија ќе започне во 16.30 часот.

Scroll to Top