Top Sport

Ферстпен најдобар и најисплатлив возач во 2023

Макс Ферстапен ја освои третата последователна титула во Формула 1 шампионатот во болидот на Ред Бул.

Холанѓанецот, доминираше со 19 победи во 22 трки. Покрај неговите возачки квалитети, Макс покажа и дека е најдобар во грижата за својот автомобил.

Формула 1 ги објави податоците кој имал најмалку штета оваа година, а во таа категорија Макс е дефинитивно прв. За поправките на неговиот болид Ред Бул издвоил само 340.000 долари.

На второ место во оваа категорија е Џорџ Расел од Мерцедес со 670.000, а трет е Валтери Ботас од Алфа Ромео со 700.000 долари.

Најмногу пари за поправки потрошиле во Вилијамс на болидот на Логан Сарџент. Американецот кој сезонава дебитираше во Формула 1, го оштети буџетот на тимот за 4.330.000 долари. За поправки на болидот на Карлос Саинц во Ферари издвоиле 3. 640.000 долари, додека на третото место е колегата на Ферстапен, Серхио Перез со 3.220.000 долари.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 2.март 2024 година.

Scroll to Top