Top Sport

Фетел: Ботас е виновен за опасниот судир во Муџело – Ботас: Доста плачете!

Четирикратниот светски шампион, Себастијан Фетел го дели мислењето на дел од Ф1 фановите дека Валтери Ботас е виновен за опасниот судир по првиот рестарт на трката во Муџело во неделата и побара Финецот да внимава на рестартот под безбедносно возило ви иднината бидејќи вака може да има кобни последици.

Ботас беше на првото место во осмиот круг, кога трката се рестартираше зад безбедносно возило и невообичаено успори напред, за во средината четири болиди да имаат прилично опасен судир, кој за среќа помина без потешки последици.

„Тоа беше апсолутно непотребно. Како лидер, мораш да бидеш свесен на такви работи. Ако сакаш да чекаш до поседниот момент, тогаш треба да чекаш и потоа да притиснеш на гаста, а не да правиш тргни и застани. Опасно е ако ја тргнеш ногата од гаста напред. Пет, десет возила зад тебе и инцидентот е неизбежен. За среќа никој не беше повреден“, вели Фетел.

Роман Грожан во Хас, кој беше зад четирите болиди кои се судрија, се согласи и во текот на трката, кога врескаше во тимското радио.

„Тоа беше еб.но глупаво од тој што беше напред. Сакаат да се убиеме? Е.и го! Ова е најлошото нешто што сум го видел“, велеше Французинот.

Самиот Ботас, кој беше забележан како споро тргнува по рестартот и ги „загрева“ гумите, вели дека не постапил погрешно.

„Дозволено ни е да се тркаме од котнролната линија, и така е одамна. Разликата оваа година е што безбедносното возило доцна ги гасне светлата, така што може да се направи разлика. Секако, кога си прв сакаш да ги зголемиш моите шанси, но јас не сум целосно виновен за тоа. Имав постојана брзина додека не тргнав. Момците кои се судрија поради тоа, треба да гледат во ретровизорите. Нема смисла да се плаче за тоа“, вели Ботас.

Scroll to Top