Себастијан Фетел во Ферари го постави најдоброто време на вториот ден зимско тестирање во Формула 1 на патеката „Каталуња“ покрај Барселона.
Повеќето тимови не одеа на набивање на многу километри во утринската сесија поради ниските температури, по што беа далеку поактивни во текот на попладнето, пред снегот во Шпанија да предизвика преран крај и да ги зголеми шпекулациите дека тимовите ќе добијат дополнителни денови тестирање поради неповолните временски услови.
Фетел постави два најбрзи круга на почетокот на попладневната сесија со најдобро време од 1:19.673 на меки гуми и комплетираше 98 кругови, најмногу од сите на патеката. До него најблиску беше Валтери Ботас во Мерцедес со 94 круга и седум десетинки послабо време, додека Штофел Фандорне со Мекларен ги победи Ред бул за еден илјадити дел од секундата за трето место.
? DAY TWO = DONE ?
Vettel tops both laps and times ?
VET 1:19.637 (98)
BOT 1:19.976 (94)
VAN 1:20.325 (37)
VER 1:20.326 (67)
SAI 1:21.212 (65)
GAS 1:21.318 (82)
KUB 1:21.495 (48)
SIR 1:21.822 (52)
OCO 1:21.841 (79)
LEC 1:22.721 (81)
MAG 1:22.727 (36)#F1 #F1Testing pic.twitter.com/88tqXgAG1h— Formula 1 (@F1) February 27, 2018
Карлос Саинс Јуниор беше петти за Рено, пред Пјер Гасли во Торо росо, кои можат да се пофалат со 82 круга со моторот на Хонда. Роберт Кубица беше во акција за Вилијамс и беше подобар за 4 десетинки од Сергеј Сироткин, кој го возеше болидот на Вилијамс во утринската сесија.
Светскиот шампион на Мерцедес, Луис Хамилтон беше предвиден за акција во текот на попладнето, но тимот реши Ботас да добие цел ден пред Хамилтон утре да се врати зад воланот. Во понеделникот Хамилтон сврте само 25 круга.