Top Sport

Србите го сменија селекторот Цветковиќ

Седницата на Управниот одбор на Ракометниот сојуз на Србија помина бурно, за на крајот да се дојде до очекуваната одлука – смена на селекторот Јовица Цветковиќ.

Цветковиќ мора да замине поради слабите резултати на Европското првенство во Хрватска, каде што Србија беше на 12. место откако едвај ја помина првата фаза на натпреварувањето. По ова се појавија голем број на шпекулации околу тоа што навистина се случувало во Хрватска, до обвинувања за непримерно однесување на Цветковиќ, по што дојде овој епилог.

Цветковиќ, знаејќи дека ќе замине „удри“ по федерацијата.

„Сојузот не направи ништо да ни обезбеди подготовки, од 2006 до 2009 година не можев да составувам репрезентација, туку морав да работам со ракометари кои не се дисциплинирани и никогаш во кариерата не направиле поголеми успеси“, изјави Цветковиќ.

Селекторот во извештајот до РСС, кој беше „пуштен“ во медиумите напишал дека ракометарите се забавувале во Сплит до раните утрински часови, а тој беше обвинет дека потрошил 1.200 евра на алкохол и дека во алкохолизирана состојба се судрил со потпретседателот на РСС, Драган Шкрбиќ.

Селекторот потрошил 1.200 евра на алкохол, пијан го водел мечот со Белорусија

Не верувале дека ќе го минат Исланд, лумпувале низ Загреб

Scroll to Top