Top Sport

Фетел го победи Хамилтон во Мелбурн

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, победи на трката за Големата награда на Австралија, со која започна новата сезона во шампионатот на Формула 1. Ова е втора победа во низа, а вкупно трета за Германецот на патеката Алберт парк во Мелбурн.

Германецот во Австралија победи благодарение на стратегијата со која го надмудри актуелниот светски шампион Луис Хамилтон кој трката ја започна од пол-позицијата. Фетел ги посети своите механичари во моментот кога виртуелното безбедносно возило беше на патеката.

Потоа, тој од боксот излезе пред Хамилтон, ја задржа предноста и ја оставри 48.победа во кариерата.

Третото место му припадна на неговиот тимски колега Кими Раиконен. Зад Финецот трката ја завршија Даниел Рикардо од Ред Бул и Фернандо Алонсо од Мекларен.

Бодови во Австралија освоија и Макс Ферстапен (Ред Бул), Нико Хулкенберг (Рено), Валтери Ботас (Мерцедес), Стофел Вандорн (Мекларен) и Карлос Саинц (рено).

Наредната трка на програмата е на 8.април во Бахреин.

фото: EPA

Scroll to Top