Top Sport

Фетел губел мотивација поради војната во Украина

Четирикратниот светски шампион и возач на Астон Мартин, Себастијан Фетел вели дека се надева на брз мир помеѓу Русија и Украина и признава дека загубил мотивација за тркањето, кое сега е „секундарно“.

„Секој има свој став и прашање е дали сака да го сподели со јавноста. Мене тоа не ми е проблем и имам теми на кои не можам да останам тивок. Не можам да ја замислам болката и страдањето на луѓето во Украина. Тешко е дури да се стане од кревет, кога почнува денот со вестите, да се мотивираш кога знаеш дека има работи кои се поважни. Невини луѓе умираат и не можеме да ја замислиме ситуацијата. Не мислам дека има победник во вакви ситуации и последиците ќе бидат болни за сите“, вели 34-годишниот Германец за „Моторспорт“.

Scroll to Top