Top Sport

Фетел: Хамилтон сега е израмнет со мене

Себастијан Фетел го испофали Луис Хамилтон за „фантастично завршената работа“, откако возачот на Мерцедес ја освои четвртата титула, која според асот на Ферари „целосно ја заслужува“.

„Не е толку важно што се случи денеска, поважно е што Луис успеа да заврши во текот на целата година и целосно ја заслужува титулата. Честитки до него. Денеска е негов ден.  Сега е израмнет со мене. Не се плашам од Луис, ми се допаѓа тркањето со него и би сакал да имавме повеќе тркање оваа година. Но, севкупно, тие беа подобри од нас“, изјави разочараниот Германец.

Тој и лично му честиташе на Британецот.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф вели дека Себастијан Фетел би бил казнет за удирањето на Луис Хамилтон во првиот круг на трката во Мексико, доколку не се работело за борба за титула.

„Себастијан можеше да победи, а ние да не ја завршиме трката. Се работеше за шампионатот, бидејќи во спротивност ќе беше казнет. Но,  стјуардите прогледаа низ прсти“, вели Волф.

Со него се согласува и не-извршниот директор на Мерцедес, Ники Лауда.

„Не го сфаќам агресивниот маневар на Фетел на првата кривина. Тоа не беше вина на Луис. Потоа почна драмата“, вели Лауда.

Scroll to Top