Top Sport

Фетел и Берни Еклстоун уживаат во зимската атмосфера (видео)

Формула 1 „фанатиците“ ги бројат деновите до стартот на зимското тестирање во спортот, и нормално до стартот на сезоната во Мелбурн, но изгледа дека Ф1 возачите уживаат во паузата.

Тоа сигурно е случајот со асот на Ферари, Себастијан Фетел, кој викендот го искористи за посета на славните скијачки трки во австрискиот Кицбил, каде што редовен посетител е и поранешниот Ф1-шеф, Берни Еклстоун.

Двајцата се качија во сноумобил и Фетел му даде шанса на Берни да ја почувствува брзината. Сигурно, не вистинската Ф1, но сепак…

Scroll to Top