Top Sport

Јозеф Ферштл победи во Кицбил 40 години по неговиот татко! (видео)

Германецот Јозеф Ферштл ја искористи позицијата на прв стартер на патеката, за да триумфира на супер-џи трката од Светскиот куп во легендарниот австриски ски-центар Кицбил, 40 години откако неговиот татко Сеп Ферштл триумфираше на најопасниот спуст на светот.

Ферштл имаше време од 1:13.07, за само 0.08 секунди пред Фрнацузинот Жоан Клареј, додека Италијанецот Доминик Парис го комплетираше подиумот со време од 1:33.17 пред двајца домашни фаворити Винсент Крихмаер и Матијас Маер.

30-годишниот Јозеф „Спрајт“ Ферштл е син на поранешниот западногермански скијач Сеп Ферштл, кој победи на спустот во Кицбил во 1978 и 1979 година. Ова е негова втора победа во кариерата, откако во 2017 година италијанскиот ски-центар Вал Гардена.

Фото: ЕПА

Scroll to Top