Top Sport

Фетел и Леклер доминираа за Ферари на тренинзите во Бахреин

Проблемите во Ферари се разрешени. Барем тоа може да е заклучокот од слободните тренинзи пред Бахреин ГП трката денеска, откако доминираа во двете сесии, поставувајќи најдобро време.

Валтери Ботас, победникот за Мерцедес од првата трка во Австралија, постави најдобро време од 1:30.124, за 0.079 секунди пред Леклер, додека Луис Хамилтон беше трет на стартот на втората сесија. Меѓутоа, Ферари кога ги пратија возачите со меки гуми, Фетел го освои првото место со 1:28.942, пред Леклер со 1:29.083.

Возазчите на Мерцедес се доближија на меки гуми, но необично за Ферари, тие уште еднаш „бркаа“ време, и Фетел го постави најдобриот круг од 1:28.846, пред Леклер со 0.035 секунди послабо време. Хамилтон на крајот беше трет со 0.603 заостанување, а Ботас четврт со 0.711 секунди, најавувајќи интересна борба во утрешните квалификации.

Ред бул Хонда пак, не успеа да дојде поблиску до водечките, откако Макс Ферстапен беше шести (0.879) зад Германецот Нико Хилкенберг во Рено (0.823), а младиот Пјер Гасли беше само 12. со повеќе од секунда и пол заостанување.

Кевин Магнусен во Хас Ферари беше седми пред Лендо Норис (Мекларен), Роман Грожан (Хас) и Данил Квјат (Торо росо) во топ 10. Мизеријата за Вилијамс продолжи откако Расел Вилијамс беше претпоследен со 3 секунди заостанување, а Роберт Кубица последен со 4 секунди послабо време од Фетел.

Scroll to Top