Возачот на Ферари Себастијан Фетел ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Кина. Успешните квалификации за Ферари ги потврди Кими Раиконен со освојувањето на второто место.
Скудерија Ферари, слично како и минатата недела во Бахреин, ќе стартува од првите две позиции, односно ќе биде пред конкурентот Мерцедес.
Фетел, во последниот круг и во последниот сектор успеа да ја освои пол-позицијата. До втората пол-позиција сезонава, вкупно 52.во кариерата Германецот дојде со време 1:31.095 минути.Раиконен зад клупскиот колега имаше послаб резултат за само 0,087 секунди.
Возачите на Мерцедес имаа послабо време за нешто повеќе од половина секунда во однос на Фетел,а одново изненадува лошиот резултат на Хамилтон, кој доминираше на вчерашните тренинзи.
Пласман меѓу првите десет изборија уште двајцата возачи на Ред Бул, односно Рено и по еден пилот на Форс Индија и Хас.
Трката за Големата награда на Кина, во Шангај, се вози в недела со почеток во 8:10 часот по средно-европско време.