Top Sport

Фетел и Строл во Астон Мартин и наредната сезона

Ф1 тимот, Астон Марин, објави дека Себастијан Фетел и Ленс Строл ќе возат за овој тим и во 2022 година.

„Наредната сезона ќе биде шестат за мене во Ф1, тимски партнер ќе ми биде Себастијан Фетел. Заедно ја почнавме оваа сезона во Астон Мартин и се радувам што нашиот пат ќе продолжи и наредната година. Не ги исполнивме плановите оваа година, што само ќе ја зголеми нашата желба за успеси“, рекол Ленс Строл, синот на сопственикот на тимот.

„Навистина се радувам што ќе се тркам со новата генерација на болиди. Автомобилите изгледаат поинаку, новите правила би можеле да ни овозможат поинакво тркање. За навивачите и возачите тоа ќе донесе поголема возбуда. Промените се такви што секој тим ќе започне од нула. Тоа е голема шанса за Астон Мартин“, рекол четиркратниот светски првак Фетел.

Астон Матин сезонава има освоено 59 поени. Фетел е на 12 место во генералниот палсман со 35 поени, а Строл е веднаш зад него со 24.

Scroll to Top