Top Sport

Фетел ја продолжи традицијата и му даде женско име на својот болид

Себастијан Фетел повторно му даде женско име на својот болид, по класичните избори како „Валканата сестра на Кејт“, „Ренди Менди“ и „Кинки Кајли“. Овојпат името е малку покласично.

„Овој болид ќе се вика Лина. Многу е лесна. Подготвени сме да тргнеме заедно“, вели Фетел во Мелбурн пред стартот на новата Ф1 сезона.

Фетел исто така вели дека промените на шефовската позиција во Ферари се позитивни, откако Матија Биното го замени Маурицио Аривабене.

„Се работи за голема промена, но Матија е подолго во тимот од било кој друг, така што далеку од тоа дека се работи за ново лице. Луѓето го познаваат и му веруваат“, додава Фетел.

ДОСЕГАШНИТЕ ИМИЊА НА БОЛИДИТЕ НА ФЕТЕЛ

2008, Торо росо СТР3 – Џули

2009, Ред бул РБ5 – Кејт, Валканата сестра на Кејт

2010, Ред бул РБ6 – Лушус Лиз, Ренди Менди

2011, Ред бул РБ7 – Кинки Кајли

2012, Ред бул РБ8 – Еби

2013, Ред бул РБ9 – Гладна Хајди

2014, Ред бул РБ10 – Сузи

2015, Ферари СФ15-Т – Ева

2016, Ферари СФ16-Х – Маргерита

2017, Ферари СФ70-Х – Џина

2018, Ферари СФ71-Х – Лорија

2019, Ферари СФ90 – Лина

Scroll to Top