Top Sport

Фетел ќе ја пропушти и ГН на Саудиска Арабија?

Возачот на Астон Мартин, Себастијан Фетел, се уште не добил негативен тест на коронавирусот. Германецот, поради позитивниот тест ја пропушти првата трка во новата сезона, Големата награда на Бахреин.

Наредната трка ќе се вози во недњла, во Џеда, Саудиска Арабија. Утре на прграмата е првиот слободен тренинг. Доколку Фетел не добие негативен тест, на неговото место повторно ќе вози сонародникот, Нико Хилкенберг.

„Конечната одлука ќе ја донесеме во петок. Се уште веруаме дека Фетел ќе учествува во трката“, соопштија од Астон Мартин.

Квалификациите за трката во Џеда на програмата се во сабота, во 18 часот, трката за Големата награда на Австралија ќе се вози во недела од 19 часот.

Scroll to Top