Top Sport

Уништени доверливи документи – Под истрага финансиското работење на Јувентус

Финансиската полиција запленила документација на фудбалскиот клуб Јувентус. Се шпекулира дека меѓу запленетите документи е и договор на Кристијано Роналдо.

Документите биле запленети при извршени претреси на различни локации, во адвокатски канцеларии во Торино, Милано и Рим.

Агенцијата „Ројтерс“, наведува дека Јувентус се соочува со обвиненија за давање на лажно сметководствени податоци и за уништување на документација. Меѓу уништените документи, според овој извор е и договорот на Кристијано Роналдо.
Барем засега Јувентус не се огласи во јавноста. Претходно од клубот изјавија дека секогаш работеле според законот.

Јувентус, во декември минатата година, откри дека обвинителите вршеле контрола на финансиското работење на клубот и дека детално го истражиле трансферот на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед.

Истрагата сепак е проширена, сега обвинителите проверуваат дали сите финансиски извештаи се прецизни.

Scroll to Top