Top Sport

Фетел ќе вози во „Трката на шампионите“

Себастијан Фетел, четирикратниот светски шампион, ја вози својата последна сезона во Формула 1.

Германецот најави дека ќе се збогува со најбрзиот циркус на крајот на 2022 година, а веќе е познато првото натпреварување на кое ќе учествува по пензионирањето.

Фетел е пријавен за егзибицијата „Трка на шампионите“, која ќе се одржи во шведското одморалиште Пит Хавсбад во близина на Арктичкиот круг. Покрај него, засега познати учесници се Мика Хакинен, Јохан Кристоферсон и Џејми Чадвик.

„Ова ќе биде мое 11. учество на овој уникатен и забавен натпревар. До лани немав толку искуство во возење на снег, затоа и бев изненаден што стигнав до финалето со Себастијан Леб. Сега едвај чекам да се вратам во Шведска“, изјави Фетел.

Scroll to Top