Top Sport

Фетел: Мерцедес не направија ништо „специјално“ во Мелбурн

Победникот на Австралиското ГП, Себастијан Фетел вели дека предноста на Мерцедес и нивните „посебни модови“ на квалификациите е многу помала оваа сезона во споредба со 2017.

Актуелниот шампион Луис Хамилтон ги победи двајцата возачи на Ферари, Кими Раиконен и Фетел за повеќе од шест десетинки од секундата на квалификациите, по што возачот на Ред бул, Даниел Рикјардо изјави дека секој врвен возач лесно ќе стигнел до пол-позицијата.

Моторот на Мерцедес е доминантен од воведувањето на В6 турбо-хибридните модели во 2014 година, но ѕвездата на Скудерија вели дека сега ситуацијата е различна.

„Мерцедес не направија ништо специјално во Австралија, дури и помалку од лани. Мислам дека во третите квалификации имаа посебен мод, но тој не вредеше седум десетинки. Ако ги погледнете убаво квалификациите, тие беа брзи во првите две сеии, но во третата беа најбрзи, и мислам дека тоа нема толку врска со моторот, туку до Луис. Можеби една десетинка, ама не седум. Затоа честитки за тој круг, а не за моќта на моторот“, вели Фетел.

Во неделата, Фетел успеа да направи пресврт и поради одличната стратегија со влегување во боксот, го победи Хамилтон. Ферари беше посилен на рамните делови од Австралија и се тврдеше дека надополниле 3 десетинки од брзината на квалификациите.

Хамилтон и Фетел имаа интересна размена на зборови на прес-конференцијата по квалификациите, кога Хамилтон се пошегува дека чекал до последниот момент за да ја освои пол-позицијата за да му ја „избрише насмевката“ на Фетел. Германецот не се лути.

„Не, тој велеше дека се шегувал и му верувам. Не треба да одиме на тоа ниво. Сè додека се шегуваме работите се океј, без разлика на еден момент минатата година. Иако сме различни личности ја делиме страста за спортот и тоа не прави еднакви. Двајцата го сакаме тркањето и се обидуваме да се победиме“, додава Фетел.

Scroll to Top