Top Sport

Кавани и Уругвај го „кренаа“ Кина купот (видео)

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Единсон Кавани го постигна единствениот гол за Уругвај да стигне до 1:0 победа над Велс во финалето на Кина купот во Нанџинг, нанесувајќи му го првиот пораз на Рајан Гигс на велшката клупа.

Велс во полуфиналето со 6:0 го победи домаќинот Кина, но Уругвај беше далеку поцврст противник.

Првото полувреме заврши без голови и покрај неколкуте шанси на двете страни, а Велшаните имаа среќа што не губеа откако ѕвездата на Барселона, Луис Суарез двапати ја погоди пречката.

Второто полувреме целосно им припадна на Јужноамериканците, а Кавани донесе водство по една брза акција. Велс најдобрата шанса ја имаа преку замената Ли Еванс.

Чешка со 4:1 ја совлада Кина во мечот за трето место во Нанџинг.

Scroll to Top