Top Sport

Фетел: Можеби на Хамилтон му беше досадно бидејќи е втор

Себастијан Фетел упати неочекуван напад кон својот ривал од Мерцедес, Луис Хамилтон, велејќи дека не сфаќа зошто Британецот беше толку спор и постојано се жалеше на неговите гуми на Австралиското ГП.

Хамилтон ја имаше пол-позицијата во Мелбурн, но веднаш беше претекнат од колегата Валтери Ботас, кој потоа стигна до лесна победа и до дополнителен поен за најбрзиот круг. Фетел, кој беше претекнат од Макс Ферстапен имаше сосема поинаква трка и призна дека Ферари биле неочекувано спори, иако најмногу се зачуди од формата на Хамилтон.

„Не знам што му беше на Луис и што правеше во болидот. Мислам дека најверојатно му беше досадно и не му беше мило што го загуби стартот. Гумите? Мислам дека ова не е првпат тој да се жали за гумите и кога ми кажаа дека повторно зборува за тоа, знаев дека сигурно ќе стигне до целта. Можеби едноставно не беше среќен“, вели Фетел.

Scroll to Top