Top Sport

На Оспина му паднал притисокот, ќе остане една вечер во болница (видео)

Наполи потврдија дека скенирањето на компјутерска томографија на голманот Давид Оспина покажало дека тој не ја загубил свеста, туку само имал „хипотензивна криза“  (екстремно низок притисок) по повредата на главата.

Голманот ги исплаши сите присутни на стадионот „Сан Паоло“ кога доби удар со главата по судирот со Игначио Пусето по само неколку минути при 4:2 победата над Удинезе. 40-тина минути подоцна, тој едноставно колабираше и изгледаше дека ја загубил свеста.

Тој веднаш беше однесен во ближната клиника, каде што се направија потребните тестирања.

„ЦАТ скенирањето беше негативно, и тој не ја загубил свеста туку имал хипотензивна криза по ударот на главата. Тој ќе биде префрлен во клиниката ’Пинета Гранде’, каде што ќе биде заддржан една вечер“, се вели во соопштението на Наполи.

Наполи не дозволи „кикс“ против Удинезе, Оспина заврши во болница (видео)

Scroll to Top