Top Sport

Фетел на скутер бркал крадци низ Барселона

Поранешниот светски шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел (34), бил жртва на грабеж во Барселона. Фетел крадците ги бркал на скутер.

Полицијата потврди дека четирикратниот светски шампион во нападот поминал без повреди, но разбојниците му го украле ранецот од автомобилот.

Грабежот се случил во центарот на Барселона пред хотелот во кој престојувал возачот на Астон Мартин за време на трката за ГП Барселона овој викенд.

Шпанските медиуми наведуваат дека Фетел го оставил отворен прозорец на својот автомобил, измамниците го искористиле тоа и му го украле ранецот.

Меѓутоа, Германецот тргнал со електричен скутер да ги лови разбојниците откако успеал да ја одреди локацијата на украдениот ранец со помош на слушалките што биле во него.

Фетел ги нашол слушалките ги нашол фрлени, а крадците успеале да избегаат.

Локалните медиуми објавија дека полицијата отворила истрага откако Фетел го пријавил грабежот.

Германецот во неделата на трката за ГН на Шпанија го освои 11. место, а моментално е на 14. место во генералниот пласман на Светското првенство.

Scroll to Top