Top Sport

Фетел најбрз на првиот, Ботас на вториот тренинг

Возачите на Ферари и Мерцедес, Себастијан Фетел и Валтери Ботас забележаа најдобри времиња на првите слободни тренинзи во пресрет на 1.000 трка во Ф1 историјата, Големата награда на Кина.

Првиот тренинг мина во знакот на Фетел, кој забележа најдобро време 1:33.911. Тој за 0,270 секунди зад себе го остави актуелниот светски првак Луис Хамилтон од Мерцедес. Потоа следуваа нивните колеги Шарл Леклер и Валтери Ботас, а шестото место му припадна на Даниел Рикадо кој сезонава вози за Рено.

На вториот тренинг доминираше водечкиот во генералниот пласман Валтери Ботас. Финецот во Мерцедес забележа најбрзо време 1:33.330, а само 0,027 секунди зад него беше Фетел. Трет заврши Макс Фестапен од Ред Бул, а зад него се пласира Луис Хамилтон.

Трката за Големата награда на Кина на програмата е в недела од 8:10 часот, според средно-европско време.

Scroll to Top