Top Sport

Фетел не би ги одгледувал своите деца како што Јос го „тренираше“ Макс Ферстапен

Четирикратниот светски шампион, Себастијан Фетел вели дека не се согласува со методите кои ги користел Јос Ферстапен за одгледување на својот син, актуелниот шампион Макс Ферстапен.

Добро е познато дека Јос, како поранешен Ф1 возач, сакаше да осигура дека неговиот син ќе има далеку подобра кариера од него, работејќи напорно и интензивно во текот на неговото детство за да го „изгради“ возачот каков што е Макс денеска. Ферстапен помладиот ги сруши сите рекорди во дебито на Австралиското ГП во 2015 година, кога имаше само 17 години. Кога возеше во картинг трките, Јос имаше повеќе методи да го „образува“ синот – јавно удирање по кацигата по слаба сесија, постојано туркање за подобрување на времињата, без изговори за временските услови, а еднаш откако предизвика инцидент, тој го остави на бензинска пумпа, од каде мораше да го зема неговата мајка.

„Не знам што мислиме дека прави некого поиздржлив. Мене не ме тепаа, но ако те тепаата цел живот, дали тоа функционира? Или подобро е да те сакаат и да ти објаснат како функционира светот? Кој ќе биде поиздржлив? Бидејќи сум татко, и јас ги имам тие предизвици секој ден, и ако сум им дозволил на моите деца да ми враќаат, треба да сум подготвен на тоа. Не зборувам за тоа колку трки ќе можеме да освоиме. Нашето детство е клучно во животот, и многу работи може да се направени добро или лошо“, вели Фетел.

Scroll to Top