Top Sport

Аматерскиот бокс ги „врати“ Русите и Белорусите

Интернационалната боксерска асоцијација (ИБА) со гласање ја отстрани забраната на боксерите од Русија и Белорусија за натпреварување и тие ќе можаат да учествуваат на турнирите во аматерскиот бокс со своето знаме и химна, оценувајќи деа политиката и спортот не треба да се мешаат.

„Бордот на директори на ИБА одлучи да ја откаже претходната одлука и да дозволи боксерите од Русија и Белорусија да се натпреваруваат на настаните на ИБА, бидејќи политиката не треба да има влијание на спортот и сите спортисти треба да се еднакви. ИБА ќе остане политички неутрална и незвисна“,се вели во одлуката.

Оваа одлука доаѓа по реизборот на претседателот на ИБА, Русинот Умар Кремљов, кој е обвинет за корупција во организацијата поради што на боксот му се заканува исклучување од Олимписките Игри.

Боксот речиси сигурно ќе биде исфрлен од Олимпијадата по 2024

Scroll to Top