Top Sport

Бекам ќе ја добие претседателската награда на УЕФА

Поранешниот капитен на англиската репрезентација и ѕвезда на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, Дејвид Бекам е добитник на претседателската награда на УЕФА за неговите успеси како фудбалер и за хуманитарната работа, објави европската куќа на фудбалот.

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин вели дека Бекам е „вистинска фудбалска икона на неговата генерација“.

„Претседателската награда се доделува за исклучителни остварувања, професионална брилијантност и личните квалитети. Го избравме Дејвид Бекам бидејќи тој е глобален амбасадор на фудбалот, пренесувајќи ги вредностите на целата планета. Неговата неуморна хуманитарна работа помогна на многумина и тој е вистинска икона на фудбалот“, вели Чеферин.

Бекам постигна 130 голови во 762 настапи за клубовите и репрезентацијата, освојувајќи шест титули од Премиер лигата, два ФА купа и една титула од ЛШ со Манчестер јунајтед, пред да ја освои и шпанската титула со Реал Мадрид. По ова тој играше во Лос Анџелес галакси, Милан и Пари Сен-Жермен, каде што ја заврши кариерата во 2013 година.

Scroll to Top